(ВИДЕО+ФОТО) 4. сезона на „Арена” е предизвик за сите оние кои што сакаат да си го проверат знаењето но и добро да заработат!

Од оваа нова сезона на „Арена” победникот ќе освои 120.000 денари

Единствениот квиз на знење во Македонија, „Арена”, кој се емитува на Алфа ТВ продолжува со својот поход за пронаоѓање на натпреварувачите кои сакаат да го покажат огромното знаење. Почетокот на 4. сезона носи многу промени, а најинтересната за сите оние пријавени е главната награда од 120.000 денари.


Во изминатите три сезони учествуваа многу натпреварувачи кои го проверуваа своето знаење во Арената, но имаше и такви кои станаа познати преку ноќ со своите гафови и грешки. Оваа сезона од АлфаТВ ни откриваат дека ќе биде највозбудлива до сега. За таа цел ги охрабруваат сите оние кои сакаат да го проверат и споделат своето знаење да се пријават на alfamktv@gmail.com или да се јават на 02/2600 370.


Единствената непроменета работа, како и во минатите години, е водителот Димитар Атанасовски.
Најавата на „Арена” може да ја погледнете на следниов линк:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …