(ВИДЕО) Златен ретривер ги забележал кученцата на неговиот кревет, а неговата реакција насмеала многумина

Златниот ретривер Бејли видел кученца германски овчар и златен ретривер како лежат на неговиот кревет, а глетката воопшто не му се допаднала.
На видеото објавено на Јутјуб, кое собра повеќе од милион прегледи за еден месец, може да се види Бејли како се обидува на секој начин да ги извади кученцата од креветот, но тие не можат така лесно да бидат преместени.
Кучето го влечело креветот со заби, се обидело да го преврти и да ги собори кученцата, но на почетокот не успевал. Меѓутоа, во еден момент неговите напори вродиле со плод и кученцата паднале од креветот, а Бејли брзо повторно „кампирал“ во удобноста на својот кревет.


„Ми се допаѓа како кученцата воопшто не се возбудуваа откако Бејли ги избрка“, напишал следбеник.
„Кутрињата беа толку мирни, а Бејли толку среќен кога го врати креветот“, додал друг.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 16.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: На Овенот им претстои уште еден многу успешен и активен ден, без разлика …