(ФОТО) „Љубојна“ со концертот во Тирана направи „транс“ кај публиката

„Љубојна” ја восхити публиката во Тирана

This image has an empty alt attribute; its file name is ljubojna-3.jpeg


Во понеделникот вечер, македонскиот состав „Љубојна” настапи на фестивалот „Cloud rea” во Тирана.
Концертот беше во коорганизација со фестивалот и македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, поддржан од Општина Тирана.

This image has an empty alt attribute; its file name is ljubojna-1.jpeg


Како што велат од КИЦ-Тирана, ова беше, веројатно еден од најубавите концерти на „Љубојна” во нивната богата кариера. „Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс.

Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и после два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот”, информират од македонскиот КИЦ.


По концертот, групата „Љубојна”, имаше средба и ,,jam sesion,, со музичарите од „Tirana Tirona, all stars”, позната група од Тирана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …