Таа имала се, а потоа една ноќ нејзиниот свет се срушил.
На 25-годишна возраст, Бри Дувал го живеела животот во потполност – таа се преселила од Австралија во Канада, ја работела работата од соништата и била во идилична врска четири години.
И’ тогаш, една ноќ минатиот август, сето тоа се урна врз неа.
За време на ноќно излегување со пријателите на 29. август, таа паднала од покривот на гаражата право на тротоарот.
Беше пренесена во болницата на Универзитетот во Алберта и ставена на интензивна нега, со повреда на мозокот и бројни скршеници.
Бри вели дека била во кома четири недели, а лекарите ѝ кажале на нејзината мајка дека има само 10. проценти шанси да преживее.
За среќа, нејзините родители одбиле да ги исклучат апаратите кои ја одржувале во живот и за три недели таа почнала да покажува знаци на подобрување.
Кога конечно се разбудила, имала амнезија, но кога почнала да враќа делови од својот живот на своето место и успеала да се сети на секојдневните работи, телефонот и бил вратен.
Тоа што го доживеала тогаш беше доста страшно – нејзиниот вереник со кој поминала четири години и со кој живеела пред несреќата ја блокирал на социјалните мрежи и запознал нова девојка.
„Конечно го добив телефонот и првата мисла беше да му се јавам и само да видам дали знае што се случило. „Не беше во болница за да ме посети“, изјавила Бри за медиумите.
„Го земав телефонот да му испратам порака кога добив порака од жена која ми напиша дека сега е со него и дека живеат заедно. ‘Тој сега живее со мене и мојот син, ве молам не контактирајте со него’“, напишала таа. Не се слушнав со него кога бев во болница, тој целосно ме остави. Така, не ни знаев зошто се случило тоа“.