(ВИДЕО) Жирито и ја променило песната па почнала да се преслекува на сцена…

„Сакам да бидам позната како Ејми“ рекла Сузан, а Сајмон и сугерирал сепак да испее нешто друго. На жирито му објаснила дека мора да ја промени гардеробата, а тие биле шокирани…
Сузан Шепард (52) пред судиите Сајмон Кауел, Шерон Озборн, Луис Волш и Алиша Диксон имала намера да ја изведе песната „Valerie“ од Ејми Вајхаус.
„Сакам да бидам позната како Ејми“ рекла Сузан, а Сајмон и сугерирал сепак да испее нешто друго.


Иако не и било мило, Шепард одлучила да ја изведе песната кој била нејзин втор избор, а тоа е „I Love Rock’N’Roll“. Објаснила дека мора да се преслече, а жирито не било воодушевено.
„Дали си сериозна? Тука ќе ја менуваш облеката?“ ја прашувале.


Сузн прошетала до знакот „Х“ и почнала да се преслекува. Шокираните судии не можеле да си дојдат на себе.
„Не можам ова да го гледам“ зборувале низ смеа, но Сузан не можело ништо да ја спречи во нејзината намера.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …