(ВИДЕО+ФОТО) Елена не го заслужува тоа: Мистериозната Ина Многуфина на Фејсбук ја „исплука“ новата песна „Текила и лимон“!


Денес, навистина, секој си дава за право да коментира и оценува нови песни и видео спотови на македонските изведувачи! Но, треба ли? Дали македонските пејачи треба да ги оценуват сите оние кои одат на некои Лукаси, Цеци, елени…и слично…што доаѓа од северниот сосед…
„Текила и лимон“ на Елена Ристеска беше промовирана вчера преку интернет каналот Јутјуб, а за 24. часа од објавувањето достигна гледаност од преку 103. илјади.
Евидентно е дека по новата песна на Елена се крена фама на социјалните мрежи, особено поради тоа што таа донесе нов звук каков што досега не слушнале од неа.


Логично, се појавија поделени мислења, па секој си зема за право да коментира дали песната е добра или не, да ја критикува од музички аспект и сл. Но, секој има право на свој вкус, а на крајот на краиштата се’ што е ново и поинакво, не мора да му се допадне на секој.
Во оние што не додржаа без да кажат во новата песна Елена Ристеска звучи како бугарската пејачка Гергана, беше и популарната мистериозна Фејсбук дама – Ина Многуфина.
„Ако сте се обидувале Елена да звучи како Гергана кога гостува во Благодарево и го пее менито од кафичот и притоа звучи како да и е отечена шеската па ја боли вилицата сте успеале! Имате хит!“ напиша таа.
По ова се редеа безброј коментари, што позитивни, што негативни за нејзиниот став, па по толку многу „хејтање“, „Текила и лимон“ направи револуција на социјалните мрежи и секако многу прегледи, кои во основа покажуваат дека песната е веќе хит!
Денес, навистина, секој си дава за право да коментира и оценува нови песни и видео спотови на македонските изведувачи! Но, треба ли? Дали македонските пејачи треба да ги оценуват сите оние кои одат на некои Лукаси, Цеци, Јелени…и слично…што доаѓаат од северниот сосед…Од тие причини многу ни е јасно свртувањето на Елена со новата песна.
Веќе споменатите „тезгари“ им го земаат лебот на нашите првокласни пејачки имиња…Секој попрво дава пари за горе споменатите наместо за македонските потврдени сили…И, поради тоа и не’ не изненадува ваквиот саунд од Елена, но „Текила и лимон“ требало да се направи поинаку бидејќи вака изгледа како она „истури па просеј“ – од се’ по нешто и на крај ништо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на играниот филм „Објаснување за се“ утревечер во Кинотека

Во четврток, на 24 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на …