Двајцата мостарци, Жељко Самарџиќ и Дражен Жериќ – Жера од „Црвена Јабука“, ги здружија силите и објавија спот за песната “Aleje ljubavi”
Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица
Спотот се снимаше речеси цело лето на просторите на поранешна Југославија. Се почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако Мостар, родниот град на Жера и Жељко.
Во Скопје главната улога ја има преубавата Македонка Иларија Кирилов.
Такво целокупно снимање на музички спот до сега не е забележано на овие простори, а секако има и поголемо значење зашто е сниман во време на пандемија од коронавирус.
Екипата поминала повеќе од 5.000 километри за да го реализира видеото, а снимениот материјал не бил за едно, туку за 3. видеа, па режисерот бил во слатка неволја.
Инаку, видеото ја имаше промоцијата на 3. октомври, точно на 65. роденден на Жељко Самарџиќ.