(ВИДЕО) Здравко Чолиќ во новиот сингл споил трубачи и убавици: Дали песната ќе остане?

Познатиот пејач снимил нов сингл „Сливите родија”.Снимањето на спотот траело три дена а главни протагонисти се двесеттина убавици кои извршуваат домашни работи на еден салаш во Војводина.
Најавувајќи го 15. албум во кариерата, Здравко Чолиќ (66) снимил нов спот за синглот „Сливите родија”.

Снимањето на спотот траело три дена а главни протагонисти се двесеттина убавици кои извршуваат домашни работи на еден салаш во Војводина.За снимањето биле ангажирани 50. соработници.


„Рефренот на песната е двојка, за некого ’пожарникарска“ а за некого наш рокенрол“ изјавил Чолиќ кој уживал на салашот.


Уште една лесна, певлива песна, од типот на „хит“ која ќе дојде до неговата публика. Дали ќе остане? Сигурно не, како многу негови култни песни, но сигурно ќе се „практикува“ на веселби и разни прослави. Да се надеваме дека другите песни кои ги подготвува со тимот ќе се подобри од двата сингла кои досега ги претстави – „Сливите родија” и „Мала“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …