За пејачката Тина Тарнер е направен мјузикл чија премиера би требало да биде наредната година во Лондон. Убавата Адриен Ворен (30), номинирана за наградата ’Тони’ ќе ја глуми Тина.
Тина Тарнер (77) во 2010. година заминала во пензија и се преселила во Швајцарија.
За животот на познатата американска пејачка направен е мјузикл чија премиера би требало да се случи наредната година во Лондон. Поради тоа, Тина „ќе се врати“ од пензија.
„Не го сакав тоа, но добив толку многу писма од обожаватели што морав да се вратам, барем на кусо“ рекла Тина.
Познатата пејачка рекла дека и се допаѓа што ќе ја игра токму Адриен Ворен, бидејќи сметала дека е вистинската личност за таа задача, што го заклучила од начинот на кој оди и се движи на сцената.
(ФОТО) Тина се вратила од пензија да го промовира мјузиклот за себе
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.