(ФОТО) На светски натпревар за модерни танци бронзен медал за танчaрите со Даунов синдром од Македонија

Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Дансерс јунајтед МК“ го освоија бронзениот медал на Светското првенство во модерни танци, што се одржува во Копенхаген, Данска.
Екипата е составена од танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски, предводени од нивните ментори и тренери Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска.
„Горди на нашите танчари, ја носиме бронзата во Македонија“ рече Сара Кочан.
Танчарите од „Дансерс јунајтед МК“ се натпреваруваа во интегративна паратанц група во хип хоп. Првото и второто место во оваа група го освоија танчари од Германија.
Ова е второ учество на танчарите со Даунов синдром на Светското првенство во модерни танци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второ издание на конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“

На 24-ти и 25ти јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој Еквалис ја организира втората …