(ВИДЕО) Вдовицата на Оливер Драгојевиќ со само една реченица открила зошто по војната не пеел во Србија!

Пред многу години имавме можност, за време на гранатирањето на Сплит да разговараме со Оливер Драгојевиќ, а темата беше негов наводен настап во Белград…На тоа тој ни кажа:„Го слушаш ли ова. Ми го бомбардираат Сплит, каков концерт во Белград. Никогаш нема да одам таму…“
И, токму таа иста реченица сега ја открива неговата вдовица, Весна…

Тој полнеше сали во Париз, Токио, Њујорк, Москва, Хрватска, Македонија, но во Србија никогаш повеќе по 1991-та година. Весна ја раскажала приказната поврзана со нејзиното семејство и една единствена реченица која Оливер ја изговорил во текот на неговиот живот, а која била во врска со тоа.


„Никогаш ништо грубо не кажа. Тој беше таков, го оддржуваше зборот во многу ситуациии и не само тоа. Кога почна војната, мајка ми, татко ми и сестра ми дојдоа тука кај мене во Сплит (инаку семејството на Весна живеело во Дубровник). Видовме како горат бродовите, тука имаше голем брод на 10 метри, од мојот татко беше, кој почна да го гради кога одев во основно училиште, се викаше ‘Копакабана’. Татко ми го виде тој брод како гори, па плачеше по него“, изјавила Весна во една емисија и додала:
„Оливер тогаш му кажа на мојот татко да не се нервира и рече: ‘Јас таму многу работев, бев милион пати, доколку тоа ве теши тогаш никогаш таму повеќе нема да пеам’. Тоа е единствената реченица која ја кажа, а која беше во врска со ситуацијата. Тој немаше ништо против Србите…“ – изјавила Весна.


Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …