(ВИДЕО) Цел свет зборува за трогателниот гест на овој Дедо Мраз: Ќе ви измами солзи кога ќе видите што направил!

На најмалите кои за Божик ќе се разделат од родителите им приредил голема радост…
На Дедо Мраз понекогаш не им требаат санки и ирваси за да ги усреќат своите деца, а вистински пример за тоа тврдење доаѓа од Лима, главниот град на Перу.
Имено, еден локален Дедо Мраз со помош на противпожарно возило и кран им делел подароци на децата заразени со коронавирус, кои го чекале пред болничкиот прозорец.
„Бидејќи ова се зони со коронавирус до кои не можете да стигнете, Дедо Мраз најде начин да ги усреќи децата кои ќе го поминат својот одмор во изолација“, рекол Хуан Ориундо, директор на болницата, пренесува Timesnownews.


Со помош на хидрауличен кран и корпа, а придружуван од пожарникари, Дедо Мраз дошол до прозорецот, поделил подароци и измамил насмевки и радост кај децата кои нема да го поминат Божил како претходните години, во семејниот дом и со своите родители. .
– Најважна е љубовта што ти ја даваат овие деца. Кога некој ќе ми рече: „Те сакам Дедо Мраз, тоа е нешто магично за мене. Ниту сум им мајка, ниту тато, ниту близок роднина, а децата ми велат дека ме сакаат… Неверојатно – изјавил Пол Суарез, имитатор на Дедо Мраз откако им поделил подароци на децата заболени од Ковид.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …