(ВИДЕО) Легендарната Бети Вајт полни 100. години и снима филм за себе

Легендарната актерка Бети Вајт на 17. јануари 2022. година ќе наполни 100. години. По тој повод ќе го објави филмот „Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration“.
Во режија на Стив Ботер и Мајк Тринклин, филмот го прикажува нејзиниот секојдневен живот. Гледачите ќе можат да видат што се случува на снимањето, како таа се забавува во слободното време и како го прославила јубилејниот роденден.
Во филмот ќе се појават и бројни имиња од филмската индустрија како Рајан Рејнолдс, Тина Феј, Роберт Редфорд, Клинт Иствуд, Морган Фримен и други.
Ќе бидат прикажани и клипови од нејзините најдобри периоди во кариерата: додека ја играше Роуз во „Golden Girls“, кога беше водителка на Saturday Night Live, додека снимаше реклама за Super Bowl и кога ја глумеше Су Ен во „The Mary Tyler Moore“.


Посебни сегменти од филмот ќе се занимаваат со значењето на Бети Вајт како првата жена која продуцирала државно ТВ шоу и била номинирана за наградата Еми.
„Кој не сака да се забавува? Оваа забава ќе биде одлична“, изјави таа за CNN.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …