(ВИДЕО) 26.418 НОВИ СЛУЧАИ НА ИНФЕКЦИЈА ЗА 24 ЧАСА – ВО ЛОНДОН ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Расте бројот на заразени со ОМИКРОН СОЈОТ НА КОРОНА! Болниците се преполни со заболени!

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, прогласил вонредна состојба бидејќи бројот на случаи на коронавирус рапидно расте.
„Многу сум загрижен поради зголемувањето на бројот на заразени лица и зголемениот број на приеми во болниците низ главниот град. Со прогласување вонредна состојба, лондонските агенции можат подобро да соработуваат. Ги повикувам сите граѓани да се вакцинираат и да добијат бустер доза“, напишал Кан на Твитер.


Во Лондон во изминатите 24. часа се регистрирани 26.418 нови случаи на инфекција, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата, соопштиле од кабинетот на градоначалникот.
Во изминатите седум дена, градот пријавил 65.525 случаи и забележал пораст од 29. отсто на хоспитализирани пациенти во истиот временски период.
Кан рекол дека официјалните лица работат брзо за да дознаат повеќе за сојот омикрон. Светската здравствена организација (СЗО) објавила дека сојот омикрон е присутен во 89. земји и дека најверојатно наскоро ќе стане доминантна форма на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …