(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Мајката на семејството Лала со трите деца ДОЦНА извлечена од урнатините

Според Mинистерството за здравство во болниците медицинска помош добиле над 800. лица во Драч и Клиниката за трауматологија во Тирана.


„Во моментов има 62. повредени, чија состојба е стабилна, со исклучок на три лица кои се уште се на интензивна нега и едно лице во тешка состојба во Клиниката за трауматологија. Покрај граѓаните кои примаат третман во болниците, направени се 886 медицински посети на жители погодени од земјотрес кои примаат третман во здравствени центри кои се 24/7 отворени во близина на погодените области, додека 335. лица добиле медицинска помош во камповите во Туман и во Драч, соопштило министертвото.
Националната ургентна служба одговорила на 4.411 повици за помош уште од моментот на земјотресот што се случи неколку минути пред четири часот наутро на 26. ноември и извршила 1.106 мисии на брза помош.



Сите болници и здравствени центри во близина на подрачјата погодени од земјотрес се во целосна готовност.
Минстертвото за одбрана потврди дека на терен сеуште се над 5.000 припадници на албанската армија, полицијата, лекари, медициски сестри, вработени во локаланата самоуправа и волонтери.
Во урнатините во моментов има пет лица. Меѓу нив е и жена со три деца и девојка.
Последните информации велат дека, жив, бил изваден еден 33. годишен маж.
Потрагата продолжува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за …