Четирчленото сeмејство на вечното почивалиште ги испратило неколку стотина жители на Драч, меѓутоа меѓу присутните не бил ниту Грегор, ниту некој друг член на семејството Рама…
Меѓу бројните жртви на разорниот земјотрес кој ја погоди Албанија е и девојката на синот на премиерот на земјата, Еди Рама, пренесе италијанската Анса, а потоа и албанските медиуми.
Грегор Рама со своите Инстаграм следбенции, сподели дека во рушевините на земјотресот во Драч пронајдено е телото на нему блиска личност, а медиумите веднаш препознаа дека станува збор за 24. годишната Кристина Рици.
Кристи заедно со телото на нејзиниот татко Едуардо(54) била извлеченa од урнатините на шестспратната зграда, а неколку часа подoцна пронајдeни се и телата на нејзината мајка Долоре(49) и братот Клаус(21) кој бил во прегратката на мајка си. Долоре била фризерка, а Едуардо службеник.
Tronditese dhe tragjike humbeja e jeteve te familjes Reci .Kater pjestar te kesaj familje me origjine nga Mirditsa ka…
Gepostet von Kavaja e Vërtetë am Donnerstag, 28. November 2019
Албанскиот портал Балканвеб ја објави веста дека семејството Реци е погребано во Драч. Четирчленото сeмејство на вечното почивалиште ги испратило неколку стотина жители на Драч, меѓутоа меѓу присутните не бил ниту Грегор, ниту некој друг член на семејството Рама.
Според италијанската агенција Анса, Грегор Рама и Кристи биле заедно неколку години, но само најблиските пријатели знаеле за нивната врска.