(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Мајката на семејството Лала со трите деца ДОЦНА извлечена од урнатините

Од под урнатните на нивната куќа во областа Кенета се излечени безживотните тела на четири членови од семејството Лала. Жртви се три деца, две од нив близнаци Дионис и Диониса, нивниот шест годишен брат Емилио и мајка им Марјета (31).
Според спасувачките тимови, ова е најтешката операција, а на неа работат над 30 лица. И покрај потрагата уште од синоќа, за жал спасувачите не успеаја да стигнат до ниту еден од шесте членови на семејството Лала во Драч.
По првиот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер, домот на семејството Лала бил тешко оштетен, но дел од него успеал да остане исправен. Спасувачките екипи тогаш можеле да ги чујат повиците за помош од семејството.
Но, зградата подоцна пропаднала, и оттогаш нема никаков контакт со семејството, ни знак дека некој од нив е преживеан.
Видеото објавено на албанските медиуми го покажува моментот кога зградата се руши.


Од под урнатните на нивната куќа во областа Кенета се излечени безживотните тела на четири членови од семејството Лала. Жртви се три деца, две од нив близнаци Дионис и Диониса, нивниот шест годишен брат Емилио и мајка им Марјета (31). Сликата била трогателна. Пронајдени се во прегратките на нивната мајка. Од ова семејство претходно било извлечено безживотно тело на уште еден негов член.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …