(ВИДЕО) „Толку си секси“: Сите денес ја споделуваат оваа снимка на Бред Пит и Џенифер Анистон

ОНА ШТО фановите на Бред Пит и Џенифер Анистон го чекаа веќе 15. години конечно се оствари. Поранешниот пар се најде повторно заедно на малите екрани, а многумина тврдат дека меѓу нив било „жешко“
Двајцата со уште неколку познати актери, во четвртокот навечер, го читале Fast Times at Ridgemont High.
Бред го играл Бред Хамилтон, додека Џен ја играла Линда, девојка во која бил заљубен. Значи, било навистина интересно кога Џенифер требало да рече: “Еј, Бред, знаеш дека секогаш мислев дека си симпатичен. Толку си секси”.
За се придонел Морган Фримен, кој бил раскажувач, па во моментот кога ликот на Бред оди во тоалетот, тој рекол: „Бред д**а“.


Иако оригиналната верзија на Fast Times at Ridgemont High има топлес сцена, Џенифер цело време била облечена.
Претставата собрала средства за хуманитарната организација CORE, што им помага на погодените од пандемијата на коронавирусот.
Во шоуто играле и Шиа ЛеБо, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Џими Кимел, Џон Леџенд, Хенри Голдинг, Дане Кук и Шон Пен


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …