(ВИДЕО) Роден е без раце и нозе но сепак вози автомобил:Еве како!

И’ покрај големиот хендикеп може да вози и да патува каде сака.
Џенис МекДејвид е роден без раце и нозе, но тоа не го спречило да се обиде да го живее животот во потполност. Покрај тоа што може да се справи со секојдневните животни предизвици како нормална личност без попреченост, Џејсон успева да управува и со автомобил.


Тој вози специјално подготвен Мерцедес Спринтер. Комбето е целосно прилагодено на неговите потреби. Почнувајќи од задниот дел, има автоматски рампи за влегување во инвалидска количка, до начинот на отклучување, палење на моторот и возење на самото возило. Специјално прилагодените контроли му овозможуваат да управува со ова големо возило целосно независно.
Откако ќе се качи на седиштето и го врзи автономниот систем, тој ги контролира сите команди. Контролниот екран од десната страна се користи за избор на функции и избор на брзини, додека лево е палка што се врти, забрзува и кочи.


„Во животот, човек не треба да се фокусира на проблеми, туку на можностите“, вели МекДејвид. Без сомнение, технологијата му овозможи не само да вози возило, туку и да биде независен и слободен во неговите животни потреби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …