НЕВЕРОЈАТНО – Девојка исчезнала откако останала без бензин: Ја нашле после 7. ДЕНА – и понатаму се во шок што се случило!

Тинејџерката е пронајдена и е во стабилна состојба
Џована од Вашингтон со својот автомобил се одвезла од куќа во предградието на Сиетл, но откако не се вратила дома, родителите пријавиле дека исчезнала.
Следната вечер автомобил е пронајден без гориво на планински премин, што е на два часа возење од нејзината семејна куќа, но немало траги од неа.
Откако родителите пријавиле дека нивната ќерка ја нема, окружниот шериф бил многу сомничав, а полицијата го пронашла нејзиниот напуштен автомобил, кој бил без гориво, како и нејзината чанта, која сè уште била во автомобилот, а недостасувал мобилниот телефон. Шерифот рекол дека нема сигнал во таа област и дека поради тоа е многу тешко да се лоцира девојката, како и дека не е можно да се изврши пребарување на теренот со хеликоптер поради вегетацијата.


После седум дена, кучето трагач намирисал на околу километар и половина трага, а спасувачките екипи веднаш тргнале во потрага по потокот и и’ ги нашле чевелот, облеката и тетратка. На крајот, на неколку километри далеку од нејзиниот автомобил, ја нашле. Била преплашена но исто така зборувала неповрзано.
„Не знаеме што правешетаму. Ова е чудо. Таа е во стабилна состојба“, рекол шерифот, додека таткото не знаел што прави неговата ќерка на такво место и додал дека можеби започнала да бара гориво, па се изгубила.
Абот исто така наведува дека Џована најверојатно преживеала затоа што пиела вода од потокот, но тој не бил сигурен што јадела седум дена. Еден семеен пријател, кој учествувал во потрагата, изјавил дека тој ден, саботата, бил последниот ден од потрагата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …