(ВИДЕО) The Rock мислел дека фановите му даваат играчка како подарок, всушност тоа било бебе

АКТЕРОТ Двејн Џонсон моментално е на промотивна турнеја за филмот Black Adam, а додека се дружел со обожавателите во Мексико мислел дека добил необичен подарок.
На својот Инстаграм профил тој сподели видео на кое може да се види како бебето кружи на раце во публиката и на крајот стигнува до актерот. Рок спремно го прифатил малото девојче, но тој признал дека мислел дека фановите всушност му подаруваат куклата. Во описот на видеото, тој рекол дека турнејата за филмот Black Adam била особено забавна и емотивна.

View this post on Instagram

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)


„Луѓето плачат и ми подаваат работи – не бев изненаден што ми го подадоа ова прекрасно мало бебе. Нејзиниот татко ми го привлече вниманието бидејќи имаше солзи во очите кога ја крена и ми даде знак да ја гушнам. Искрено мислев дека тој држеше кукла што сакаше да ми ја подари“, признал тој.
Тој откри дека девојчето се вика Лусијана и рекол дека може да се обложите дека „еден ден таа ќе ги инспирира сите околу себе“. „И што и да значеше овој момент за нејзиниот емотивен татко – значи дека значеше и нешто посебно за мене“, рекол тој.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …