СЏФ традиционалната награда за најдобар млад македонски музичар му ја додели на скопското џез трио „𝗭𝗨𝗟𝗨 𝟯.𝟰“

Скопскиот џез фестивал одлучи традиционалната годишна награда за најдобар млад македонски џез музичар оваа година да му ја додели на инструменталното скопско џез-трио 𝗭𝗨𝗟𝗨 𝟯.𝟰, односно на сите негови членови подеднакво: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури). Ова е нивна година. Својот уникатен, оригинален звук, присутен на нивните три албумски објави, успешно го изнесоа на бројни концертни подиуми дома, но и во странство, освојувајќи искрени симпатии кај музичките новинари и публиката. Наградата на Zulu 3.4 ќе им биде врачена в четврток, 13 октомври, пред нивниот настап во МКЦ (23:00), во рамките на 41. Skopje Jazz Festival.


Инаку, скопското џез трио „𝗭𝗨𝗟𝗨 𝟯.𝟰“ во 2019 година настапи на „Андерфест“ а признанието од СЏФ е и признание за организаторите на горе споменатиот фестивал бидејки умеат да ги препознаат вистинските вредости.
Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …