(ВИДЕО) Терминатор е мало бебе: Пукаат на него а тој шета „лаганини“

На социјалните мрежи во Русија се проширила снимка од надзорните камери која забележала судир помеѓу двајца мажи. Додека еден маж почнал да пука, на другиот тоа не му пречело премногу…
Откако веројано, се испокарале, еден маж почнал да се оддалечува и, како што изгледа, да пука од автоматска пушка, најверојатно легендарниот Калашников. Вториот пак, мирно тргнал кон него без никаков страв, а во меѓувреме се вклучил и алармот на еден автомобил.
Сето тоа го забележала надзорната камера во еден од квартовите во рускиот град Новосибирск.


Бидејќи другиот маж „не добил“ куршум, на крај се’ се завршило со борење, а руските портали пишуваат дека првиот маж најверојатно пукал со „ќорци“. И, на крај на краиштата, не треба да се исклучува ниту опцијата дека сето ова можеби некој го – исценирал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …