(ВИДЕО) Ова се последиците од илегална трка на забрзување

Лексус баш и не би требало да биде првиот избор на трките на забрзување,посебно не СУВ модел. А, кога ќе се додаде и поимот на илегална трка, работите се осудени на катастрофа.
Токму тоа се случило на илегалната трка на забрзување организирана на Флорида. На јавен пат трката ја организирале локалните тинејџери, а ги снимала надзорна камера. Со оглед на тоа дека патот е претесен за паралелно возење на две возила, едно вози по левата страна по трева. А, тоа е исклучително опасна ситуација во што можеме да се увериме неколку секунди подоцна кога возачот ја губи контролата. На несреќа, луксузниот Лексус немал рамнина пред себе туку се катапултирал во воздух. Завршил на кровот.
Како што јавуваат локалните медиуми, повредени се двајца тинејџери, но никој не е во животна опасност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …