(ФОТО Галерија) Ангелина Џоли, после операциите на Шајло и Захара,со ќерките во кино

Популарната актерка пред неколку дена била видена како со ќерките Шајло и Захара оди во кино…


Во својот најнов есеј, Ангелина Џоли откри дека нејзините ќерки Шајло и Захара минаа низ операции во изминатиот период. Деновиве, славната актерка беше фотографирана додека се упатува на кино со нив.На фотографиите, Шајло се движи со патерици, а Захара изгледа добро и покрај тоа што имала неколку операции.
„Ги поминав последните два месеци со операции на мојата најстара ќерка и пред неколку дена гледав како нејзината помала сестра легна под нож за операција на колкот“, напишала Џоли во текстот за Меѓународниот ден на жената.


Џоли беше фотографирана повторно со Шајло, но и со најмалата ќеркичка Вивиен додека купуваа букети цвеќе.

Според информации кои ги пренесуваат странските медиуми, Бред Пит не присуствуваше на доделувањето на наградите БАФТА, за да биде со својата ќерка за време на операциите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …