(ВИДЕО) Татко ја вози ќерка си на училиште со мотор, луѓето го критикуваат!

Татко со гордост споделил видео од неговата најмлада ќерка како се вози на мотор со него, но тој не ја очекувал реакцијата што ќе ја предизвика. Корисниците на TikTok го нападнаа PJ Challenger затоа што не ја облекол неговата ќерка во соодветна облека за мотоцикли, што е важно за безбедноста.
Имено, девојчето седнало на моторот на нејзиниот татко облечена во хеланки, патики и тексас јакна. Таа имала само кацига на главата, која според некои не е доволно безбедна.
„Панталони? Чизми? Ракавици? Кацига што одговара? Браво“, му рекло едно лице, на што Пи Џеј Челинџер остро одговорил: „Ќе се натпреварувам за татко на годината“.
„Ако можете да си дозволите ваков мотор, тогаш би требало да можете да издвоите за пристојна безбедносна опрема за вашето дете“, напишал друг.
„Никогаш не би ги ставил децата на мотор без целосна опрема“, се согласил трет.

@pjchallenger Youngest first ride 😍 #MT09 #littlebackpack #biketok #daddaughtertime ♬ The Nights – Avicii


Иако таткото напоменал дека не се возеле брзо, некои истакнале дека дури и возењето до 50 км/ч може да биде опасно.
„50 км/ч? Со таа брзина сè уште гинат и тешко се повредуваат луѓе“.
Но, има и такви кај кои глетката на таткото и насмеаната ќерка на мотор разбудила носталгија.
„Се возев со татко ми на мотор кога имав седум години, најдоброто време во мојот живот“, „Да немаше интернет, никој не би му судел на овој татко. Ова е совршен момент и ќе биде прекрасен спомен“, коментирале други.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …