(ВИДЕО) СТРАВИЧЕН СЛУЧАЈ ВО УКРАИНА – НИНА СТАНАЛА ОД ГРОБОТ: Соседите ја закопале жива но успеала да преживее пекол и да си оди дома!

Украинката Нина Рудченко (57) преживеала хорор кога пијаните соседи ја нападнале во Полтава, инаку двајца браќа.
Мажи на возраст од 27. и 30. години влегле во нејзината куќа, ја тепале со бејзбол палка и ја мачеле додека не се онесвестила. Потоа ја влечеле до гробиштата, и истуриле вода на лицето за да ја разбудат, ја присилиле да си ископа гроб и и’ рекле да легне внатре.
Потоа почнале да ја покриваат со земја а таа се обиде да задржи мал џеб воздух со рацете.
„Тие се смееја и зборуваа за убиството на моето семејство. Кога завршија, ме прашаа дали сум мртва и заминаа“, рекла Нина.
Таа се спасила, како што вели, затоа што гробот бил исклучително плиток, па успеала да излезе и да ползи до куќата каде веднаш ја изгубила свеста.


Следното утро на подо ја нашла сестрата Људмила Гура.
“По целото лице имаше крв и модринки. Беше црна и отечена. Едвај ја препознав”, се сеќава Људмила. Жртвата веднаш била пренесена во болница, а според сознанијата на хирургот Олександрм Климчук, имала скршеница на вилицата и носот, додека целото тело и било со модринки.
Осомничените за обидот за убиство се уапсени и е започната истрага. На сослушувањето, тие рекле дека биле под дејство на алкохол.
Ако бидат прогласени за виновни, браќата ги черкаат до 10 години затвор.
Наводно, сето тоа започнало заради кучето. Соседите тврделе дека Нина им го зела кучето, но тие негираат дека ја мачеле, нешто во што другите локални жители од околината не веруваат.

Екран.мк/Daily Mail


Фото: Youtube/Свідок НТН

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …