(ВИДЕО) СПОДЕЛЕТЕ! Инцидент во автобус на ЈСП: „Ќе сечеме глави, во киселина ќе ве ставам, не знаете со кого си имате работа“

По социјалните мрежи масовно се споделува видео од немилата случка во автобус на ЈСП…И, молба е ова видео да се сподели со цел да се стави крај на овие немили случки…а сигурно и да се помогне во истрагата и идентификацијата на овие насилници.
Факт е дека во цела држава е во сила задолжителното носење на заштитни маски – посебно во затворен простор како што се автобусите. Дечките кои дошле во конфликт со другите патници факт е дека имаат маски но како украс – или моден детал што беше типичен за скопјани кога маските наместо на лице ги носеа на рака…барем во текот на летото…
Овие млади мажи не само што ја прекршуваат наредбата за неносење заштитни маски во затворен простор туку со многу погрден речник се обраќаат на присутните во автобусот. Да имале макар малку пристојност (ако воопшто и знаат што значи тоа) или би ги ставиле маските или би се симнале на првата станица – од срам. Но, не тие не покажуваат никакво каење туку ги напаѓаат присутните со закани дека тие се верници, а не оние во автобусот, како и дека во киселина ќе ги стават и истопат и дека не знаат со кого си имаат работа…
Акцетот јасно кажува од каде доаѓаат овие двајца безобразни, невоспитани и насилни мажи…а текот на инцидентот можете да го видите во видеото подолу…

Фото: Принтскрин
Видео: Фејсбук


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …