Сообраќајните незгоди обично завршуваат со многу скршен лим, а понекогаш и автомобилите завршуваат во малку „чудни“ позиции.
Така бевме сведоци на автомобили кои слетаа на покривот на куќа, влетаа во продавница или бензинска пумпа, а сега имаме можност да видиме автомобил кој се обидел да полета, а потоа останал во воздух. Многумина ќе кажат дека очекувано се работи за BMW, поточно серијата 5, а видеото само ни открива колку бизарно изгледа епилогот од несреќата.
Видеото е објавено на Reddit, но не е познато како возачот изгубил контрола и завршил со предните тркала на БМВ-то високо во воздух. „Јо, дали тоа навистина се случи? изјавил авторот на видеото додека со неверување го снимал автомобилот и го гледал возачот како буквално испаѓа од автомобилот.
Yeah, just pull that off the support wire……
by u/InundateTheIgnorant in IdiotsInCars
Возачот наместо да се радува што несреќата минала без повреди, продолжува во ист ритам. И додека камерманот се надева дека не е под дејство на алкохол, возачот на БМВ продолжува да прави непромислени потези и ја влече задната врата без да помисли дека ако се запали автомобилот ќе го прегази. Во тој случај тој би бил сериозен кандидат за Дарвиновата награда.
На крајот, тој се откажува и решава да чека помош, што веројатно го спасило од потенцијалните повреди предизвикани од движењето на автомобилот. Во секој случај, штета за уште едно добро БМВ.
Фото: Принтскрин/Reddit