(ФОТО) „И во неволја ПОЗИТИВНО“ – Сцена од Хрватска насмеа многумина: Маж запалил оган на скара во поплавен двор

Фотографија од маж кој прави скара додека дворот му е поплавен, насмеа многу корисници на Фејсбук.
На Фејсбук страницата на Радио Мрежница вчера е објавена фотографија од маж како пали оган на скара од тули во дворот, а како што можете да видите, водата е до колена. Наводно подготвува скара.
Според нив, фотографијата е направена во еден од градските квартови на градот Карловац во Хрватска, а во описот на фотографијата наведуваат: „Фотографија на денот од Градац. И во неволја позитивно. Гуглајте ја ситуацијата низводно од Карловац“.


Кога станува збор за поплавите, Карловац во моментов е една од најзагрозените области во Хрватска. По тој повод, нивните пожарникари спасија луѓе, но и животните кои ги пронајдоа и ги вратија, воодушевувајќи ги луѓето низ регионот.
Веќе неколку дена на социјалните мрежи се споделуваат фотографии на кои еден од пожарникарите спасил срна од давење.
Потсетуваме дека во последните неколку дена поплави зафатија бројни области во регионот и во некои делови на Босна и Херцеговина. Најзагрозени подрачја се околу Бихаќ, Сански Мост, Босанска Крупа и Кључ, но имаше и хуман гест да се спасат животните.

Фото: Принтскрин/Facebook/Radio Mrežnica


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …