(ВИДЕО) Новинарка на Харисон Форд му рекла дека и понатаму е згоден, неговата реакција е хит!

Сè за Индијана Џонс веднаш станува хит…
На прес-конференцијата во Кан по повод филмот „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“, во кој игра улога, Харисон Форд одговарал на новинарски прашања. Една од новинарките и кажала на ѕвездата дека таа мисли дека тој сепак е многу згоден, а неговата реакција се прошири на социјалните мрежи и стана хит.
„Многу си згоден и сите се воодушевивме кога ја соблече кошулата во една сцена од филмот. Сè уште го имаш тоа во себе”, рекла новинарката и додала: “Како го правиш тоа? Можеш ли уште да јаваш коњ?!“
Харисон бил изненаден од прашањето, па помина со раката преку лицето како да му било непријатно.
„Да, можам да јавам коњ ако ми дозволат“, одговорил тој.
„Благословен сум со ова тело. Ви благодариме што забележавте“, се пошегувал тој.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …