(ФОТО) Непрепознатлив: Легендарниот актер виден во јавноста првпат по четири години

Актерската легенда Даниел Деј Луис се појавила во јавноста за прв пат по четири години.
Трикратниот добитник на Оскар, кој го сними својот последен филм во 2017 година, се обидел да остане незабележителен додека извршувал обврски во Њујорк, криејќи се зад темни очила за сонце и црна бејзбол капа. Сепак, идентитетот на 66-годишната ѕвезда бил откриен со фактот дека тој користел телефон на преклопување, уред кој го направи вирален уште во 2018 година. Деј Луис, исто така, бил забележан како го потпишува своето име додека земал пакет во Њујорк.
Актерот со британско потекло, кој ја избричи главата во 2017 година, сега има сребрени кадрици до рамениците. Во петокот, актерот по втор пат беше виден во исто време од денот, со иста капа и очила, додека шетал рака под рака со својата долгогодишна сопруга Ребека.

View this post on Instagram

A post shared by New York Post (@nypost)



Деј Луис се повлече од актерството во 2017 година, по блескавата кариера долга повеќе од три децении.

View this post on Instagram

A post shared by The Hot Corn (@thehotcorn_italia)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …