Најздрави земји за живеење: Словенија на четврто место, а каде е Македонија?

Веб-страницата money.co.uk спроведе истражување на тема најздрави животни средини на планетата, односно најздрави земји. Од земјите од регионот, Словенија е на четвртото место, додека Србија е на деветнаесетото место.
Истражувањето за тоа во кои земји се најздрави за живеење е спроведено на глобално ниво, при што се земени предвид сите фактори кои можат да влијаат на квалитетот на животот на луѓето, почнувајќи од последиците од пандемијата на коронавирус, па завршувајќи со други секојдневни фактори, како на пример, како нивото на дебелина на граѓаните, очекуваниот животен век, трошоците за живот, нивото на загаденост или безбедноста.
Во последното истражување додадени се критериуми како што се достапноста на здравствена заштита и бројот на медицински сестри, социјални работници, психијатри и психолози за ментално здравје во секоја земја. Истражувањето опфатило и превенција од нарушувања на менталното здравје и зависност од дрога, како и вкупните здравствени трошоци во земјата.
Врз основа на истражувањето на money.co.uk, најздрава земја е Јапонија, која се карактеризира со позитивна колективна свест за животот. На второ место е Швајцарија за која се вели дека има убедливо најздрава средина за долг живот. Куба е на третото место.
Од земјите во регионот Словенија е рангирана на четвртото место, Хрватска е шеста, а Србија е на 19. место. Црна Гора е на 20. место на листата.
Списокот на 10-те најздрави земји за живеење изгледа вака:
1. Јапонија
2. Швајцарија
3. Куба
4. Словенија
5. Ерменија
6. Хрватска
7. Финска
8. Полска
9. Белгија
10. Италија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …