(ВИДЕО) СНИМКАТА ГО ОБИКОЛУВА СВЕТОТ – КАКО РОДЕНАТА МАЈКА МОЖЕЛА ДА И ГО НАПРАВИ ТОА? Младенката покрај неа паднала во втор план – „Кога си гостин на сопствената венчавка“

Видеото во кое невестата за прв пат го гледа раскошниот фустан на мајка си, собрал повеќе од милион прегледи и 170.000 лајкови.
Непишаното правило за гостите на свадбата вели дека не е убаво да се носи бело, бидејќи таа боја е резервирана исклучиво за невестата. И што е правилото за мајката на невестата? Па, нели би требало да биде исто?! Оваа невеста била шокирана кога го видела фустанот во кој сопствената мајка конечно успеала да ја засени, пренесува The Sun.

Џејн Лу го споделила своето искуство на TikTok, каде објаснила дека не го видела фустанот на нејзината мајка до самиот ден на свадбата. Да се ​​влошат работите, самата невеста се одлучила за едноставен, свилен фустан, додека нејзината мајка купила луксузна венчаница, украсена со чипка и ситни детали.


@thelazyceoI found out on the morning of MY wedding that my mum is wearing a white bridal gown! 🤦🏻‍♀️ ##wedding ##weddingfail ##weddingdress ##motherofthebride

♬ original sound – thelazyceo


„Кога сте гостин на сопствената свадба“
„Мојот фустан е многу едноставен, нејзиниот изгледа многу поформален, како вистинска венчаница“, вели Џејн во видеото.
Видеото во кое невестата за прв пат го гледа згодниот фустан на мајка, собра повеќе од милион прегледи и 170.000 лајкови, а корисниците на социјалните мрежи се согласиле дека невестата изгледа како гостинка на сопствената свадба.
„Не,јас би ја натерала мајка ми да купи нов фустан во истата секунда“, коментирал еден корисник. „Би и истурила црвено вино на фустанот. Вие сте добра ќерка“, се пошегувала друга. „Кога сте гостин на вашата свадба“, е уште еден во морето слични коментари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …