Во страшната експлозија што се случи завчера во Бејрут, умреа повеќе од 130. луѓе, повредени се илјадници, а по многумина сè уште се трага.
Снимките од експлозијата што го шокираше светот кружат на социјалните мрежи. Еден од нив е и видеото од спасувањето на девојче од урнатините.
Таа поминала 24. часа под урнатините и успеала да преживее, пренесува Daily Mail.
Локалните медиуми пишуваат дека видеото е снимено синоќа. На видеото се прикажани спасувачи кои копаат со голи раце за да го извлечат детето од урнатините.
Во Бејрут сеуште се трага по десетици луѓе. Најмалку 137. лица починале, а тој број се очекува да порасне. Повредени се над 5.000 лица.
Граѓаните на Бејрут се бесни на надлежните.
Жителите на Бејрут се лути на владата за, како што велат, небрежноста, што било главна причина за експлозијата.
Претседателот рекол дека експлозијата е предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат, кој бил несоодветно складиран во магацинот во пристаништето.
Вчера беше прогласена вонредна состојба
Многу граѓани ги обвинија властите за корупција, занемарување и лошо управување со магацин.
„Бејрут плаче, Бејрут вреска, луѓето се хистерични, луѓето се уморни“, изјавил снимателот Џуд Кехаб за БиБиСи, повикувајќи ги одговорните да се соочат со правдата.
За потсетување, вчера беше прогласена вонредна состојба во Бејрут, која ќе трае две недели.