(ВИДЕО) Главата горе, нема плашење: Огнен Здравковски е позитивен на Ковид – 19, но не се откажа од промоција на неговиот нов хит!

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на Ковид – 19.
Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал најмаксимално што може.
Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е едно од неговите најдобри музички остварувања досега.


„Да, вистина е дека сум позитивен на Ковид – 19, но тоа воопшто не ме предомисли токму денес да ја промовирам мојата најнова песна. Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена ќе излезам како победник од оваа битка. Искрено не би сакал да се става многу акцент на тоа дека сум позитвен на вирусот. За мене денеска е посебен ден, бидејќи едвај го чекав денов за да ја споделам мојата нова песна, во која многу верувам“, вели Здравквоски.



Како што кажавме, неговата нова песна се вика „Љуби ме“, а овојпат Оги довербата за ова музичко ремек-дело му ја довери на неговиот колега Димитар Андоновски, кој стои како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша најдобриот текстописец во нашата земја, Магдалена Ена Цветковска.
Инаку за новата песна, Огнен сними и одличен видеоспот, во кој покрај него се појавува и убавата Мартина Симоновска, а пак режисер на истиот е добро познатиот Гордан Божиновски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Тања Царовска

Тања Царовска е родена на 19 март 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …