(ВИДЕО) СЕУШТЕ ИМА ХУМАНИ ЛУЃЕ: Им ја простил киријата на станарите:„Не е важно колку ќе загубам, побитно е здравјето!“

Сопственик на станови во Бруклин најавил дека ќе се откаже од киријата за април за сите негови станари поради пандемијата на коронавирус.
На 30. март, Марио Салерно објавилизвестување на влезната врата од сите негови згради што ги натерало неговите станари да им се појави насмевка на лицето. „Поради неодамнешната пандемија на коровивирус ковид-19 што ги погодува сите нас, имајте на ум дека јас се откажувам од киријата за април“, се наведува во соопштението.
Салерно (59) поседува околу 80. станови со околу 200 кираџии распоредени низ Вилијамсбург и Гринпоинт. Тој рекол дека ја донел одлуката откако слушнал дека повеќе станари имаат финансиски проблеми поради вирусот.


На прашањето на новинарите колку ќе изгуби, Салерно рекол дека нему му е поважно здравјето на луѓето. „Сакам сите да бидат здрави“, рекол тој. „Тоа е за што станува збор“.
Роден во срцето на Вилијамсбург на авенијата Метрополитен, Салерно наследил бензинска пумпа од неговиот татко и станал добро позната личност во заедницата. Салерно изјави за NBC дека здравствената состојба на луѓето му е поважна и да не се гладни. “Јас велам, не грижете се за плаќањето кон мене. Грижете се за вашиот сосед и грижете се за вашето семејство”.
Кејтлин Гутески, една од неговите потстанарки, морала да го затвори својот фризерски салон и нема приход. Не знаела како ќе ја плати киријата и веќе се плашешла дека ќе мора да се врати за да живее со родителите. „Тој е Супермен“,го опишала Салерно. “Прекрасен човек”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …