(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради регрутирањето што го најавил Владимир Путин.
Телото на Петунин било пронајдено во близина на зграда откако 27-годишниот музичар снимил видео порака објавена на неговиот канал Телеграм. Во пораката тој наведува дека не сака да убива луѓе за никакви идеали.
Раперот порано во животот служел во руската војска и бил лекуван во душевна болница, а видео пораката што ја оставил на своите следбеници е многу вознемирувачка.


„Ако го гледате ова видео, јас веќе не сум жив. Не можам да го поднесам гревот на убиството на мојата душа и не сакам да го сторам тоа. Не сум подготвен да убивам за никакви идеали”, рекол тој.

Да потсетиме, Владимир Путин речиси најави делумна мобилизација на резервистите во војната против Украина, по што околу 200.000 руски граѓани ја напуштија земјата. Други, пак, си ги скршија коските за да избегнат мобилизација.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …