(ФОТО) „Шоуто продолжува“: Британците ја забележале симболиката во новиот портрет на кралското семејство

Нов официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт, се појави на профилите на британското кралско семејство. Портретот е создаден во Бакингемската палата ден пред погребот на кралицата Елизабета.
„Нивното височество кралот и кралицата со нивното кралско височество, принцот и принцезата од Велс. Снимено е во Бакингемската палата на 18. септември, снимено од Крис Џексон“, стои во описот на фотографијата, која за помалку од 24. часа по нејзиното објавување собрала над 700 илјади лајкови на Инстаграм.

На фотографијата двата пара изгледаат опуштено, насмеани, а кралот ја има раката во џеб. Неколку моменти откако била направена оваа фотографија, тие одржале прием за светските лидери кои дојдоа во Лондон на погребот. Зад нив е портретот на Џорџ III, кој ја купил Бакингемската палата со намера да ја направи негово засолниште.


„Намалената монархија“ на Чарлс
„Сликата сугерира дека се уште може да има моменти кога кралското семејство може да се повлече од должноста“, пишуваат британските медиуми и додаваат дека ова е фотографија која го симболизира почетокот на владеењето на Чарлс. „Овде го гледаме владеењето кое го замислил кралот Чарлс III – каде историјата и династијата мора да се зачуваат, се разбира. Но со нов стил на неформална благодат заснован на вистински семејни вредности. Тоа е ‘помешано’ семејство, во чекор со времето“, додаваат тие.
Тие исто така истакнуваат дека на оваа фотографија се гледа „намалената монархија на Чарлс на дело“. Имено, новиот крал со години се залага од јавниот буџет да се финансираат само мал број членови на најтесното кралско семејство.

Новиот „The Fab Four“
Многумина пронашле одредена симболика на фотографијата. „Ова е минатото и иднината на нашата монархија“, напишале некои воодушевени од потегот на кралската палата. На други им пречело тоа што фотографијата е направена во време на жалост за кралицата. „Да се ​​сликаш додека тагуваш по мајка ти и баба ти?“, приговарале.
Сепак, најголемо внимание го привлекол фактот дека на фотографијата ги нема другиот син на Чарлс, Хари и неговата сопруга Меган. Имено, во коментарите често се споменува терминот „The Fab Four“. Тој прекар првично го користеле Британците за Хари, Меган, Вилијам и Кејт, сè додека не дојде до поделба меѓу браќата. Сега со тој прекар ги нарекуваат Чарлс и Камила и Вилијам и Кејт.

Хари и Меган не биле ни поканети на прием за светските лидери.

„Денес се формира нова Fab Four. Овој пат го имаме Чарлс и неговата најголема поддржувачка Камила. Ќе ги поддржат Кејт и Вилијам. Пораката е јасна: шоуто ќе продолжи”, заклучува Daily Mail.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …