(ВИДЕО) Ријана се опила пред камерите и со едно признание ги изненадила обожавателите

Пејачката Ријана учествувала во предизвикот „Day Drinking“ (Дневно пиење) со познатиот американски водител Сет Маерс.
Дуото пиело неколку часови и мешал пијалоци, а пејачката не се воздржувала потполно да се опие пред камерите. Ријана пиела пиво, коктели и жестоки појалоци и се смеела на финтите на водителот, а денот завршил така што Маерс се шминкал со шминката на брендот „Fenty“ кој е во сопственост на пејачката.
Ријана на обожавателите многу им се допаднала пијана и тие сметале дека е урнебесна и слатка кога е поднапиена, а многумина забележале дека кога пејачката е во алкохолизирана состојба многу се чувствува нејзиниот акцент од Барбадос.
Пејачката ги изненадила фановите и со едно признание а тоа е дека не гледала ниту епизода од серијата „Игри на престолите“.
Видеото со пијаната пејачка за само два дена било прегледано повеќе од два милиони луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …