(ВИДЕО+ФОТО) 27. години по филмот „Телохранител“ откриена тајната на Кевин Костнер за Витни Хјустон

„На фотографијата не беше Витни. Таа замина дома, а таа девојка која ја носам во рацете е нејзината двојничка. Секако дека главата не ѝ се гледа, затоа што главата ја има потпрено на моето рамо. Беше исплашена“, изјавил актерот за интервју за „Entertainment Weekly“.
Витни во тоа време била огромна ѕвезда, а филмот го промовирал плакатот на кој нејзиното лице всушност и не се гледа.
Поминаа 27. години од премиерата на филмот на Мик Џексон „Телохранител“ („The Bodyguard“) во кој главните улоги ги толкуваа Витни Хјустон и Кевин Костнер, а актерот дури сега ја откри големата тајна на оваа драма.

„Телохранител“ беше еден од оние филмови кои ги обележаа 1990.ттите години и еден од оние кои имаа порака: „Само љубовта е единствено важна а љубовта не бира ниту време ниту место“.
За публиката и пред гледањето на филмот да ја почувствува силата на љубовта, „Телохранител“ имал ваков плакат:

Милиони луѓе досега беа уверени дека на плакатот се Витни и Кевин.
„На фотографијата не беше Витни. Таа замина дома, а таа девојка која ја носам во рацете е нејзината двојничка. Секако дека главата не ѝ се гледа, затоа што главата ја има потпрено на моето рамо. Беше исплашена“, изјавил актерот за интервју за „Entertainment Weekly“.

Еден магичен момент помалку за „Телохранител“, но магијата која Рејчел и Френк ја создадоа на филмското платно е неуништлива баш како песната од филмот која ја отпеа Витни, а и денес се слуша.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …