Ремиксот на Cyrillic за евровизиската Proud објавен на најголемиот музички канал за CDeep house музика

Откако пред неколку недели македонскиот бенд Cyrillic направи ремикс на евровизиката песна Proud, што во Тел Авив ја пееше Тамара Тодевска, песната сега е објавена и на YouTube каналот CDeep, еден од најголемите музички канали специјализирани за deep house музика.


Ремиксот на баладата, чии автори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текст на Коста Петров, звучи сосема поинаку од оригиналната песна, која заврши на првото место според гласовите на стручното жири на „Евросонг“. Фановите на deep house музиката, воодушевени од звукот, ја опишуваат оваа верзија на Proud како „вистинско освежување“ и „летен хит“. Песната за неполни 24 часа има скоро 19.000 прегледи на YouTube.

Освен со ремиксот на евровизиската песна на Тамара и песната „Доволни“ во соработка со Валери, Cyrillic се актуелни со настапитесекоја недела низ Македонија. Тие во моментов работат на нов материјал, а најавуваат и учество на неколку фестивали.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …