Американскиот актер Шемар Мур познат по неговите главни улоги во сериоте на CBS „S.W.A.T“. и „Криминални умови“ на својот Инстаграм профил во понеделникот ја сподели веста дека на 53. години ќе стане татко.
Актерот Мур во понеделникот со видео на Инстаграм им ја откри веста на своите фанови дека со нетрпение чека да стане татко и дека има „пеперутки“ во стомакот, бидејќи наскоро ќе го дознае полот на детето.
Според странските медиуми, Мур изјавил и дека терминот за породување е 8. февруари, со што ќе се одбележи и тригодишнината од смртта на неговата мајка Мерлин Џоан Вилсон-Мур.
„Мама се насмевнува од рајот. Чуда се случуваат. Доаѓа најубавиот дел од мојот живот“, напишал Шемар Мур, сеќавајќи се на својата покојна мајка.
View this post on Instagram
Опкружени со семејството и пријателите, Мур и неговата девојка Џезири Дизон дознале дека ќе имаат девојче откако хеликоптер испуштил трага од розов чад.
Во емисијата со актерката Џенифер Хадсон, која во целост треба да се емитува подоцна овој месец, Мур рекол дека е загрижен што му поминала шансата да биде татко.
Фото: Принтскрин/Instagram