(ВИДЕО) ПРИЗОР КАКО ОД СФ ФИЛМОВИ: Истражувачите се нурнале во морето и се сретнале со огромна желатинска маса – ниту на научниците не им е јасно како е тоа можно!

Знаевме да наидеме на вести кога локалните рибари ќе наидоа на „мистериозно суштество“, а потоа некој ќе споделеше видео или слика преку социјалните мрежи и во кус рок добивавме вирален хит. Но, понекогаш ваквите сцени можат да ги збунат и самите научници.
Така, истражувачкиот тим, предводен од капетанот Нилс Бааднес и нуркачот Ронал Рааш, наишле на огромна желатинска маса во форма на топка во водите во близина на Орстафјорден, Норвешка, што, поинаку кажано, ги збунила. Самата приказна неодоливо потсетува на воведните сцени на научна фантастика, но научниците наскоро го најдоа одговорот.
Како е можно ова?
Норвежаните пуштиле објава на Твитер и пристигнал одговорот: станува збор за јајценца на лигња. Лесно е за тој дел, но научниците се збунети со една друга работа, како е можно лигњите да можат да „изродат“ толку огромна маса.


За какви размери станува збор, посочуваат и со некои податоци. Во зависност од видот, желатинозните „топчиња“ можат да пораснат до четири метри во големина, со десетици илјади јајца пронајдени внатре. Засега, најверојатната теорија е онаа што вели дека лигњите всушност ослободуваат далеку помала маса што потоа се проширува во контакт со морска вода.
Се спуштаат до длабочина од 150 метри
Инаку, ретко е луѓето да се сретнат со вакви сцени. Лигњите ги оставаат своите јајца длабоко под површината на водата и со текот на времето тонат на длабочина до 150. метри.
Исто така, не е јасно која е целта на „вонземската форма“, иако се верува дека главната причина е потенцијалната заштита од предатори и евентуално од инфекции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …