Обожавателите на филмот „Сикарио“ ги очекува уште една посластица на големото платно…
Пред да „се навлечеме“ на серијата „Наркос“, го сакавме филмот „Сикарио“ кој на брутален и реалистичен начин го прикажува современиот свет на нарко картелите. Две години подоцна, ни пристигнува нова причина за веселба.
Имено, самошто е претставен првиот трејлер за продолжуавањето на филмот „Sicario 2: Soldado”.
Иако не станува збор за директно продолжување на филмот, повторно ќе ги гледаме познатите јунаци во познато криминално окружување во борба со полицијата.
Режисер на филмот е Стефано Солима, но сценарист е повторно Терјлор Шеридан.
Во главните улоги ќе ги гледаме Бенисио Де Торо и Џош Бролин, а премиерата е закажана за јуни наредната година.

(ВИДЕО) Пристигна трејлерот за „Sicario 2: Soldado”
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.