Во интервјуто со британскиот новинар Пирс Морган, Доналд Трамп се осврнал и на темата за Меган Маркл и принцот Хари.
Познато е дека Трамп не е обожавател на британската војвотка, а во новото интервју изјавил дека верува дека кралицата треба да им ги одземе сите титули на внукот и снаата.
„Хари е под контрола. Нема да го користам целиот термин, но мислам дека знаете што сакам да кажам. Тој е целосно под нејзина контрола, никогаш не сум видел нешто слично. Не сум обожавател на Меган Маркл од почетокот“.
Тој рекол дека не се согласува со третманот што Хари го има од кралицата.
„Требаше да му каже: Добро, тоа е твој избор, но веќе немаш титула и не доаѓај повеќе. Тој е полн со непочитување кон кралицата и мислам дека тоа е срамота“, додал Трамп.
View this post on Instagram
Тој е убеден дека Хари и Меган ќе се разведат и дека ќе биде гадно.
„Проценувам многу добро. Како што знаете – предвидував речиси сè. Ќе заврши лошо со нив двајца. И се прашувам дали кутриот Хари ќе се врати кај кралицата на колена и ќе ја моли да го остави да се врати”, рекол поранешниот американски претседател…
Пред неколку години Трамп му посака среќа на принцот.
„Не сум обожавател на Меган Маркл. Му посакувам среќа на принцот, ќе му треба“, изјавил тој во 2020 година.
*NEW CLIP*
‘Harry is a whipped man.. like no person I’ve ever seen.’ – President on the Prince… my explosive Trump interview airs tonight on @PiersUncensored @TalkTV 8pm. 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/dtaNqnXond
— Piers Morgan (@piersmorgan) April 25, 2022
Фото: Принтскрин/Instagram