Снимањето на „Being Mortal“ е прекинато откако минатата недела беше поднесена жалба против актерот Бил Мареј, обвинувајќи го за „непримерно однесување“.
Холивудскиот актер Бил Мареј се однесувал недолично за време на снимањето на филмот „Being Mortal“, пишуваат американските медиуми.
View this post on Instagram
„Ги допираше, но не на интимни места, туку ги гушкаше, им ја допираше косата, им ја влечеше опашката, но секогаш на смешен начин“, тврди извор за Пејџ Сикс.
„Тоа е тенка линија и сите го сакаат Бил, но иако неговото однесување не е незаконско, некои жени се чувствуваа непријатно. Не е јасно дали тој ја преминал границата”, рекол изворот.
View this post on Instagram
Наводно, жените се жалеле дека ги допирале, па поради тоа Мареј дошол во конфликт со режисерот на филмот Азиз Ансари.
Друг извор изјавил дека Бил, кој не е во врска, сака да флертува со жени, но секогаш се’ претвора во шега.
Целата екипа на филмот „Being Mortal“ добила писма откако продукцијата одлучила да го паузира снимањето.
„Знаеме дека сите сте загрижени поради неодамнешното одложување на продукцијата и сакаме да ви дадеме објаснување. Кон крајот на минатиот месец бевме известени за жалбата и веднаш ја испитавме. По разгледувањето на околностите, беше одлучено дека снимањето не може да продолжи во ова време“, пишувало во писмото.
Фото: Принтскрин/Instagram