(ВИДЕО) Познати нови детали за најскапиот автомобил на светот што чини 17. милиони евра?

Иако со цена од скоро 17. милини евра станал најскап нов автомобил, Bugatti La Voiture Noire нема класичен мотор, а и кабината е сеуште празна.
Кога Rolls-Royce го прикажал Sweptail и истакнал цена од 11,5 милиони евра малку кој можел да помисли дека ќе се појави нешто поскапо. Bugatti со Chiron застанал на нешто помалку од 3. милиони, но потоа го покажал Divo вреден 5. милиони евра, а во Женева донел уникат и истакнал цена од неверојатни 16,7 милиони евра.


Но, цената не е фиксна бидејќи тајниот купувач засега го прифатил предлогот на Бугати во кој правец ќе оди развојот на автомобилот. Имено, кога проектот пред половина година бил покренат, во Bugatti одлучиле да ја користат основата на Chiron како и погонот. Меѓутоа, и покрај тоа цената останала бесрамно висока, а терминот на испорака е две и пол години. Да, на Bugatti ќе му бидат потребни уште две години да го заврши автомобилот, а она прикажано во Женева е само делумно завршен автомобил, потврдил гласноговорникот на Bugatti, Тим Браво.
„Тоа не е готов автомобил. Пред половина година само што тргнавме со изработка, откако клиентот го прифати нашиот предлог. Автомобилот ќе биде испорачан за две и пол години. Да, дизајнот на интереиерот не е завршен“, објаснил Браво.
По малку очекувано бидејќи Bugatti не го покажал интериерот на возилото и со тоа дал до знаење дека тој дел од автомобилот сеуштѕе не е готов. Исто така, и покрај бројните ауспуси ма задниот дел, автомобилот од сцената во Женева се симнал потполно нечујно. Имено, 1500 S јакиот W16 мотор од Chiron сеуште не е вграден, туку за маневрирање бил вграден електромотор.


Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …