(ВИДЕО) Потресно сведоштво на тинејџерката Зулејха:„Со раце се обидував да го скршам прозорецот!“

Во краткото ексклузивно интервју за Алсат зборуваше и 17-годишната Зулејха Јашаровска, една од преживеаните во трагичната несреќа во Бугарија, каде загинаа 46 лица. Јашаровска рекла дека со раце се обидувала да го скрши прозорецот.
– Како се чувствуваш дали памтиш нешто?
„Нешто памтам, но повеќето не…од тој случај и така“.
– Во кое седиште беше?
„Јас бев нај назад“.
– Како успеа да излезеш?
„Колку што памтам, јас спиев, и кога се разбудив, сите викаа, пискаа, сакав да земам нешто за кршење, но не успеав, и со рака пробав да го скршам прозорецот и потоа не памтам. Кога се разбудив бев падната на земја…“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА


Извор: alsat.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …