(ВИДЕО) ПОТРЕСНО – СЕ СООЧИЛА СО СВОЈОТ ЗЛОСТАВУВАЧ НА ТЕЛЕВИЗИЈА, ПА ВО СОЛЗИ ПАДНАЛА НА ПОДОТ: „Имав 14. години кога ме силуваше!“

Иранската државна телевизија ја покажала конфронтацијата на киднапирана и силувана членка на етничко-религиозно малцинство, Јазид, со припадник на Исламската држава кој ја злоставувал…
„Подигни ја главата“, му рекла таа.
“Зошто? Имав 14 години кога ме силуваше. Ми го уништи животот. Ми зеде сè за што сонував”, му вели Ашвак Хаџи Хамид Тало, борејќи се со солзи, за на крајот падне на подот.
Таа во прилогот објаснила како иранските безбедносни сили го уапсија нејзиниот мачител и ја прашале дали ќе дојде на соочување во Багдад. Видеото носи ознака на ирачката разузнавачка служба.
Во летото 2014. година, Исламската држава окупирала огромни територии во северен Ирак, вклучително и области каде што живеат Јазидите. Илјадници нивни жени со години биле злоставувани и сексуално искористувани од екстремистите.


Ашвак била купена од еден екстремист за сто долари. Во 2015. година, таа избегала и стигнала во германската провинција Баден-Виртемберг, каде живеела со нејзината мајка и браќата.
Во 2018. година, таа ја напуштила Германија откако го видела својот мачител на улица, но повторно се вратила во Германија во септември, каде се наоѓа под медицински и психолошки надзор.
Таа претходно ги обвинила инспекторите дека не го сфаќаат случајот сериозно, но сега признала дека не го видела екстремистот во Германија.

Екран.мк/Focus.de


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …